5 мај, Ден на македонскиот јазик

Со одлука на Владата донесена во 2019-та година, 5 мај се одбележува како Ден на македонскиот јазик. На денешен датум во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци Министерството за просвета го озаконило и првиот правопис на македонскиот јазик.

Азбуката е создадена на 3 мај 1945 година и е предложена на тогашната Влада.

Со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена и официјализирана на 5 мај со објавување во весникот „Нова Македонија“.

Објавувањето на 5 мај се смета за службен документ.

По тој повод учениците од нашето училиште заедно со наставничката по македонски јазик Елена Тодоровска читаа за нашиот великан Блаже Конески, чијшто заслуги за создавањето на македонската азбука и кодификацијата на македонскиот јазик се огромни и пишуваа негови цитати.