ЕЛТАМ натпревар по англиски јазик
На 18.03 и 08.04 се одржаа Општинскиот натпревар и Регионалниот натпревар по англиски јазик во организација на Асоцијацијата на наставници по англиски јазик ЕЛТАМ МК. Нашите ученици остварија успешен пласман и на двата натпревари и ги постигнаа следните резултати: трето место: Анастасија Исаковска (седмо одд), Дариа Алексовска (шесто одд), второ место: Филип Јовановски (девето одд), Давид Миланов (петто одд) и прво место: Катерина Моцан (осмо одд), на Општински натпревар. На Регионалниот натпревар учениците Дариа Алексовска, Филип Јовановски, Давид Миланов и Катерина Моцан го освоија второто место. Честитки на учениците и на нивните ментори: Татјана Бошковиќ, Тамара Алаџајкова и Луција Зубац за постигнатиот успех со желби за уште поголеми достигнувања! |