Ликовен хепенинг
Сре, 12/4/2023
Ден за паметење. Убав ден во чест на Лазо Трповски име кое гордо го краси нашето училиште. Со нашата младост и креативност направивме прекрасен ликовен хепенинг. Полн со емоции до небо, другарство и мноогу љубов. Уметничко творештво по повод денот на нашето училиште, под менторство на ликовниот педагог Даниела Андонова, на кое учествуваа ученици од VII - VIII одделение. Невозможно е да ги постираме сите дела. Навистина се премногу, преубави. Имаме прекрасни таленти и горди сме на нив. |