Светски ден за подигање на свеста за лицата со аутизам
Саб, 01/4/2023
Работилница одржана на 30.03 во ООУ „Лазо Трповски“ по повод Светскиот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам 2ри април „Сите го гледаме светот од различен агол“ во која учествуваа учениците од 1-а, 1-б, 3-а, 3-б и 3-в. Работилницата беше спроведена со цел кај децата да се подигне свеста за различностите, како и свеста за меѓусебното прифаќање. Работилницата ја подготвија образовните асистенти Ивана Зоревска, Марија Цветковска-Крстева и Наде Јандреска. |