ЕКО–РАБОТИЛНИЦА
Чет, 23/3/2023
„Постапка за садење на пролетни цвеќиња“ На ден 22 Март по повод одбележувањето на „Денот на пролетта“ и „Светскиот ден на водата“, учениците од 1-б одделение во Еко-училницата во ООУ „Лазо Трповски“ учествуваа во Еко-работилница „Постапка за садење на пролетни цвеќиња“. Во Еко-работилницата учениците следеа предавање соодветно прилагодено на возраста на учениците за начинот и постапката за садење на пролетни цвеќиња и за нивно одржување, а потоа секој од учениците засади и по едно цвеќе заедно со педагогот Рената Поповска и нивните одделенски наставнички Надица Чапараткова и Јана Ф. Стојановска. |