ПРВА И ТРЕТА НАГРАДА ЗА ПОБЕДНИЧКИТЕ ЕСЕИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА ТАМАРА ЃОКЕСКА И ЛАРА СТАНЧЕВА
По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик / Денот на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност, Министерството за образование и наука објави конкурс за есеј на тема „Мојот јазик - мост помеѓу мене и тебе“. Тамара Ѓокеска од VIII-a освои прва награда за најдобар есеј, а Лара Станчева од VIII-a освои трета награда. Тамара и Лара ги напишаа своите есеи на англиски јазик, под менторство на наставничката по англиски јазик Тамара Алаџајкова. Министерот за образование и наука на приемот свечено им ги додели признанијата на наградените ученици. |