ЧЕСТИТ ОСМИ МАРТ!

Борбата за еднаквост на жената треба да се случува секој ден, не само на Меѓународниот ден на жената.

Само со колективна акција ќе се продолжат промените, ќе се гради еднаквоста и изградувањето на свет во кој ќе нема место за говор на омраза кон женитe. Клара Цеткин пред 113 години се изборила и оставила аманет жената да не се откажува.

Правото на еднаквост не е ексклузивно право. 115 години од првиот женски марш во Њујорк, поттикнат од потребата на жената да биде еднакво вреднувана и почитувана се 115 години непрекинати промени. Таа сега има право на глас и сè повеќе е присутна – благодарение и на незапирливиот порив на жената за сочувување на сопственото достоинство, но и на поддршката од мажите.

Самопочитта и вложувањето во себе ја воздигнуваат до целта. Жените треба да се горди и исправени. Светот се движи рамноправно!