Учество на e-Twinning во Љубљана, Словенија

E-Tвининг семинарот под име „Schools of equality and inclusion” кој се одржа во Љубљана од 1ви до 3ти декември собра на едно место 50 наставници од 8 земји: Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија, Чешка, Словачка, Хрватска, Полска и Словенија.

Целта на настанот беше охрабрување на наставниците од основните училишта да започнат заеднички да работат на е-Твининг проекти со осврт на инклузијата на учениците.

Претставник од нашето училиште беше наставничката по англиски јазик, Татјана Бошковиќ. Таа оствари соработка со училишта од Словенија, Полска и Словачка за работа на заеднички проект кој ќе започне во јануари.