СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Осми Декември е денот кога го чествуваме Свети Климент Охридски, првиот македонски архиепископ и во исто време основач на сесловенскиот универзитет во Охрид. Тој е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог, закрилник и патрон на македонскиот народ низ целата негова историја.

Роден 836 година а умрел 916 година во Охрид тој е еден од учениците на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Се школувал во Солун и Цариград, а бил посветен на педагошката, просветната и книжевната работа. Основач е на големата Охридска книжевна школа во 886 година, во која подготвил 3.500 ученици. Климент неуморно работел, пишувал пофални слова, беседи. Тој е првиот македонски поет, творец, осовременувач на азбуката, која во чест на својот учител Кирил (Константин Филозоф), ја нарекол Кирилица.

По тој повод библиотеката „Другарче“ традиционално распишува литературен конкурс, а оваа година беше на тема: „Волшебниот свет на книгата“. На него учествуваа ученици од нашето училиште. При тоа, Гран При за поезија доби Лара Станчева од VIIIа под менторство на наставничката по македонски јазик Елена Тодоровска. Потоа, прво место за поезија доби Берк Ѓунеш од VIIв под менторство на наставничката по македонски јазик Даница Ласкова, а трето место за проза доби Анѓела Станојевиќ, VIIб одделение. Организаторите им доделија дипломи на наградените ученици  и на нивните ментори.