Практична вежба

На денешниот час по хемија учениците од 8-мо одделение работеа практична вежба за разделување на компонентите од смеса. Тие под надзор и демонстрација од страна на наставникот по хемија, Даниел Николовски, извршија декантација, филтрација, екстракција на две немешливи течности (масло и вода) и магнетна сепарација.