20 Ноември - Меѓународен ден на детето

По повод 20 Ноември, Меѓународниот ден на детето, учениците од осмо и деветто одделение го реализираа проектот „Инклузија за секое дете“ под менторство на предметните наставнички Тамара Алаџајковa и Елена Јовановиќ. Проектот се реализираше во неколку фази во кои учениците земаа активно учество. Со своите активности од областа на инклузијата може да се каже дека нашето училиште претставува позитивен пример за современо инклузивно училиште.