Посета на Природнонаучен музеј
На ден 16.11.2022 година, учениците, второоделенци, од нашето училиште беа во посета на Природнонаучниот музеј во Скопје. Учениците, заедно со своите одделенски раководители Грозданка, Елеонора, Јагода и Маја, се дел од проектот„Живиот свет во нашата татковина“, кој има за цел запознавање на флората и фауната во нашата татковина како и подигање на свеста за нејзина заштита. Учениците имаа можност да ја погледнат постојаната музејска поставка која го прикажуваа богаството и разнообразието на геата, фосилните видови и живиот свет што ја населува нашата држава. Најголемо воодушевување на изложбата, покрај експонатите на влечуги, привлекоа и експонатите на крупните ѕверови (мечката, рисот, лисицата со своите младенчиња, видрата, волкот, рисот и др.), лилјаците, верверицата, глодарите, јазовецот и др. видови животни, придружени со цртежи, текстови кои го потврдуваат богаството и разновидноста на нашата држава. Учениците со восхит ги прераскажува своите впечатоци на пат кон училишните клупи. Со нетрпение ќе се очекува и следната пролетна посета на музејот. |