Саем на креативни индустрии

На 3 ноември во фоајето на киното „Синеплекс“ во Скопје се одржа Саем на креативни индустрии. Присуствуваа група ученици од 9 одд. од ООУ „Лазо Трповски“. На саемот имаше креативни индустрии од типот: изработка со линелеум, креирање видео игри, промоција на рачни изработки на ташни, ранци, беџови, промоција на органско сончогледово и афионово масло, еко-велосипеди, кои можат да заштедат елетрична енергија, креации на шапки, стегачи за коса, изработка и претставување на рачно изработени кукли, разговор и комуникација на учениците со модни дизајнери и креатори на производите и видео-игрите, кои беа претставени.