ДЕТСКА НЕДЕЛА
Како и секоја учебна година така и оваа 2022/23 во октомври во рамките на Детската недела од 04.10.2022 до 10.10.2022, учениците од 1б одделение во нашето ООУ „Лазо Трповски“ официјално стануваат првачиња. По тој повод, денес на 06.10.2022, четврток се одржа свечен настан за влегување на првачињата во Детската организација. Настанот беше како дел од целокупната програма под мотото „Детските права“. Наставничките Надица Чапараткова и Јана Ф. Стојановска им ги кажуваа правата и должностите и разговараа за истите, а во продолжение учениците од 1б одделение ја кажуваа заклетвата, пееја и играа. На првачињата им посакуваме многу успех во натамошното образование, многу нови другарства и пријатни и незаборавни моменти во нашето и нивно училиште ООУ „Лазо Трповски“. |