Европски ден на јазиците
Секој јазик е посебен систем, кој низ своите разновидни функции ги задоволува комуникациските потреби на одредена јазична и општествена заедница. Денеска е 26 септември Европски ден на јазиците. По тој повод, во нашето училиште учениците од 6а, 6б, 8а и 8б на часовите по македонски јазик под менторство на предметниот наставник по македонски јазик Елена Тодоровска го одбележаа европскиот Ден на јазиците со проектни задачи. |