Честит ден на независноста
Сре, 07/9/2022
Државниот празник 8 Септември ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на нашата држава. Референдумот во нашата татковина се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ на 8 септември 1991 г. Со убедливо мнозинство граѓаните со право на глас се изјасниле „за“ самостојна и суверена држава. Нека ни е честита и вековита Република Северна Македонија. |