11.04. ДЕН НА ООУ "ЛАЗО ТРПОВСКИ"
Денес е патрониот празник на нашето училиште. Тоа е нашето богатство, светлина и патоказ за иднината на нашиот живот. Тоа е центар на знаењето, културата, воспитанието, креативноста и дружењето. На денешен ден, 11.04.1943 година животот го загубил учесникот во НОБ Лазо Трповски, чие име гордо го краси нашето училиште. Во негова чест како благодарност за неговата борба за слобода, се поклонуваме пред неговиот лик и дело кои се вечно вткаени во нашата историја. |