Недела на подигнување на свесноста за аутизмот
Сите деца имаат свои соништа и желби, а начинот на кој ги остваруваат ги дефинира како личности. Како возрасни, ние, мораме да им дадеме доволно простор за да се изразат, да ги поддржиме во нивните мали подвизи и да им покажеме дека не постојат граници, дека можат да бидат сѐ што ќе посакаат! 2 Април е Светскиот ден на свесноста за аутизмот, ден кој нè потсетува дека околку нас има лица кои не смееме да ги заборавиме и лишиме од општествените процеси, од времето и просторот кои им се потребни, интеграцијата и инкулизјата. Учениците од I - в одделение заедно со своите наставници Жане Шаркова и Милан Руфчески преку низа активности се вклучија во кампањата на ОУРЦ "Д-р Златан Сремец" - Скопје за прифаќање и подигнување на свесноста за Аутизам "Среќно патувам низ животот". #ourczlatansremec #AutismDay2022 #HappyJourneyThroughLife #ooulazotrpovski |