Одбележување на 22 Март – Светскиот ден на водата
Вто, 22/3/2022
По повод 22 Март – Светскиот ден на водата, учениците од 1б одделение следеа предавање соодветно прилагодено на возраста на учениците, со мотото „Штеди ја водата, таа ни дава живот“, кое се однесува на значењето на подземните води, процесот на дистрибуција на водата за пиење од изворите и кружниот тек на водата, штедење на водата, како и видео материјал со едукативно-информативен карактер. Светскиот ден на водата се одбележува секоја година низ целиот свет на 22 Март со цел да се потенцира важноста на водата и да се подигне свеста за кризата со вода со која се соочува светот. Цел на ова предавање е подигнување на свеста кај учениците за значењето на водата и нејзината правилна и рационална употреба. При тоа, сите ученици од 1б одделение имаа активности, кои ги сработеа заедно со нивните одделенски наставнички Надица Чапараткова и Олгица Каскаревска под мотото „Штеди ја водата, таа ни дава живот“. |