Одбележување на 21 Март - ден на пролетта и екологијата
Пон, 21/3/2022
По повод 21 Март – Денот на екологијата и пролетта, во нашето училиште „Лазо Трповски“, освен во предавањата со еколошки теми соодветно прилагодени на возраста на учениците, сите ученици беа активно вклучени во еколошката акција за естетско уредување на училишните дворови. Притоа, сите ученици од 1б одделение инспирирани од мотото „СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ПРИРОДАТА“, го изработија проектот во соработка со нивните одделенски наставнички Надица Чапараткова и Олгица Каскаревска. Целта за реализација на овој проект е подигање на еко-свеста кај учениците за значењето на природата, чистата животна средина и екологијата. Им благодариме на нашите ученици кои учествуваа во изработката на овој прекрасен проект. |