Нашиот училишен Рок бенд со нов кавер
Нед, 20/3/2022
Во комплетна аудио и видео продукција на нашето музичко студио под водство на наставникот по музичко Кузман Марковски се реализираше новиот кавер Smells Like Teen Spirit by Nirvana. Спотот е вистинска синергија на училишна рок хармонија со учество на различни генерации ученици и наставници креативци. Еве го тимот: Бубњеви: Борјан Јаневски 2 одд, Соло гитара: Марко Дамјанов 9 одд, Бас гитара: Сара Витанова 8 одд., Гитара: Кузман Марковски - наставник музичко Вокал: Александра Русјакова Георгиев - одделенски наставник Камера: Благоја Ставревски - наставник физичко Креатива: педагог Рената Поповска Монтажа и комплетна продукција: Кузман Марковски Музичкото студио во Лазо Трповски е првото училишно професионално студио во Општина Карпош. Во него членуваат преку 50 ученици од нашето училиште кои изучуваат свирење на различни инструменти, соло пеење и продукција. Интересот е огромен, бенифитот совршен затоа што едноставно МУЗИКАТА Е МАГИЈА И САМО МУЗИКАТА И ТРАЈНИТЕ МУЗИЧКИ ВРЕДНОСТИ СОЗДАВААТ ВИСТИНСКИ ЛИЧНОСТИ!!! |