КОЛЕКТИВНА ОБУКА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ
Вработените во ООУ "Лазо Трповски" ја завршија и практичната обука спроведена од Дирекцијата за заштита и спасување, која меѓу другото опфаќа и ракување со противпожарни апарати. Безбедноста на учениците и на вработените во училиштето е приоритет за непречено функционирање на образовниот процес. Со тоа беше заокружена комплетната теоретска и практична обука на колективот за заштита и спасување. |