STEP FORWARD TOGETHER

Трите партнер училишта во проектот „Чекор напред заедно“: „Лазо Трповски“, „Лириа“ и „Аврам Писевски“ одржаа и прва онлајн активност под името “Music: Traditional vs modern”. Учениците од трите училишта заедно со наставникот по музичко образование Кузман Маркоски од ООУ „Лазо Трповски“ разговараа за значењето на традиционалната музика (македонската, ромската и албанската) и одбираа песни кои ќе бидат аранжирани во склоп на модерна музика за потребите на завршниот настан. Песната ќе биде продуцирана од страна на Кузман Маркоски во музичкото студио неодамна создадено во ООУ „Лазо Трповски“.

Проектот е дел од фондацијата „Градиме мостови“ подржан од Младински центар за еднакви можности и ОБСЕ-Мисија во Скопје и е предводен од наставничката по англиски јазик, Татјана Бошковиќ.