Чекор напред заедно

STEP FORWARD TOGETHER
Хероини: Обединети преку наследството
 
Трите партнер училишта во проектот „Чекор напред заедно“ : „Лазо Трповски“, „Лириа“ и „Аврам Писевски“ ја одржаа третата активност под името „ Хероини: Обединети преку наследството“. Учениците заедно со своите наставници-ментори истражуваа за трите претставнички на трите етникуми: Атина Бојаџи, Есма Реџепова и Мајка Тереза, секоја од нив успешна во својата заедница, на државно ниво и во светски рамки. Учениците ги обединија преку нивните успеси, хуманитарни подвизи и дискутираа за влијанието на жената во општеството и во светот независно од етничката припадност или националност. Активноста имаше и натпреварувачки дух, учениците поделени во тимови се напреваруваа во истоимениот квиз, откривајќи до сега непознати факти.
Активноста ја спроведоа координаторите: Соња Јовановска, Тамара Алаџајкова, Мејрем Туша и Маријана Грчевска Чадиковска. Проектот е подржан од Младински центар за еднакви можности и ОБСЕ - Мисија во Скопје и предводен од Татјана Бошковиќ.