НОВОГОДИШНА ЕКО-УЧИЛНИЦА

Празниците се омилено време за децата, особено новогодишните. Каква и да била старата, на Новата година сите се радуваме. Тогаш сите се возбудени, детските срца растреперени и со нетрпение го очекуваат Дедо Мраз да ги изненади со подароци. Така учениците од 3б одд. од ООУ „Лазо Трповски“ го подготвија катчето за пречек на нивниот омилен Дедо.