И ЈАС СУМ ТУКА

Нашето училиште ООУ Лазо Трповски е едно од 15 училишта кое е вклучено во проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“. Цел на овој проект е намалување и надминување на предрасудите кои постојат за лицата со интелектуална попреченост за нивна подобра интеграција во општеството.

Ова е проект на Глада Худик театар од Шведска, а координатор на проектот во РСМ е Здружение СОЛЕМ - Скопје.

Нашите ученици заедно со корисниците од Здружение СОЛЕМ ја посетија изложбата И ЈАС СУМ ТУКА и имаа можност да се запознаат и поразговараат.