Чекор напред заедно

Под насловот „World of differences and similarities” (Светот на расликите и сличностите) трите училишта: „Лазо Трповски“, „Лириа“ и „Аврам Писевски“, ја одржаа втората работилница од проектот Step Forward Together, предводени од своите координатори: Соња Јовановска, Тамара Алаџајкова, Мејрем Туша и Маријана Грчевска Чадиковска.

Преку 60 ученици од трите училишта земаа учество во работилницата и заеднички ги откриваа разликите и сличностите меѓу македонската, албанската и ромската култура преку обичаите, носиите, ората, свадбите и празниците. Работилницата имаше за цел да ги спои трите култури со помош на истражувањата на учениците и гледањето на кратки видеа.

Проектот Чекор напред заедно е дел од проектот отпочнат од Министерството за образование и наука, Владата на Швајцарија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, „Градиме мостови“. Училиштата учесници се поддржани од организацијата Младински центар за еднакви можности, а проектот е предводен од наставничката по англиски јазик од ООУ „Лазо Трповски“, Татјана Бошковиќ.