Комен Куп 2021 година

Во Белград, Србија на базенот „25 Мај - Милан Гале Мушкатировиќ“ од 15 до 17 октомври се одржа меѓународен пливачки митинг на Медитерантски земји Комен Куп 2021 година.
Учество земаа 16 земји со вкупно 198 пливачи на возраст од 13-14 години девојчиња и 15 -16 момчиња.
Македонската репрезентација ja представуваа пливачите:
Катја Танаскоска
Сара Јанковиќ
Софија Дамјанова
Ива Китановиќ
Јаков Велковски
Петар Атанасовски
Тренери:
Иван Банов
Горан Стаменов
Илија Стојановски
Ученичка од основното училиште „Лазо Трповски“ - Карпош, Катја Танаскоска за прв пат настапи за Македонската репрезентација во дисциплина 100/200 слободно, 100/200 грбно и штафети.
4 × 100 слободно машки-женски.
4 × 100 мешано женски.
Штафета 4 × 100 мешано
во состав
Катја Танаскоска
Сара Јанковиќ
Софија Дамјанова
Ива Китановиќ
постави нов државен рекорд во кадетска, јуниорска и сениорска категорија со време од 4:46:89 (стариот 4:50:40).
Овој натпревар беше огромен предизвик за Катја Танаскоска, која на 12 -годишна возраст имаше можност да се натпреварува со врвни пливачи, да стекне искуство за нејзината пливачка кариера.
Честитки Катја.