Здрава исхрана
Пет, 08/10/2021
Денес по повод одбележувањето на Детската недела, учениците од 1б одделение изработија проект за „Здрава исхрана“ под мотото „Јас избирам здравје, а ти“, под раководство на нивните одделенски наставнички Олгица Каскаревска и Надица Чапараткова. Проектот беше изработен преку истражувачка активност низ игра за здрава и нездрава исхрана. Учениците се забавуваа и беа среќни што беа дел од проектот. Проектот „Здрава исхрана“ имаше за цел учениците да истражуваат преку групна и тимска работа, како и да разликуваат здрав од ризичен животен стил кога се работи за сите сфери на живеење, вклучително навики во исхраната, спортски и рекреативни активности. ЈАС ИЗБИРАМ ЗДРАВЈЕ, А ТИ? |