Одбележување на детската недела
Како и секоја учебна година така и оваа 2021/22 во октомври во рамките на Детската недела од 04.10.2021 до 10.10.2021, учениците од прво одделение во нашето ООУ „Лазо Трповски“ и официјално стануваат првачиња. По тој повод, денес на 06.10.2021, среда се одржа свечен настан за влегување на првачињата во Детската организација. Настанот беше како дел од целокупната програма под мотото „Јас избирам здравје, а ти?“. Наставничките им ги кажуваа правата и должностите и разговараа за истите, а во продолжение, учениците од трите први одделенија во училишниот двор ја кажуваа заклетвата, пееја и играа. На првачињата им посакуваме многу успех во натамошното образование, многу нови другарства и пријатни и незаборавни моменти во нашето и нивно училиште ООУ „Лазо Трповски“. |