Примена на дигиталните материјали и интерактивни табли

УЧЕЊЕ СО ЗАДОВОЛСТВО И ИНТЕРЕС

Во ООУ „Лазо Трповски“ во учебната 2021/2022 година,согласно насоките на Министерството за образование, започна етапно да се имплементира новата Концепција за основно образование. За оваа цел, се изработени нови наставни програми за прво и четврто одделение, а врз основа на истите се изработени и нови материјали за учење. За прв пат, учениците од четврто одделение имаат на располагање дигитални материјали за учење, а истите се достапни и во аудио формат и печатени на Брајово писмо за учениците со оштетен вид.

Со тоа веќе се обезбедува поквалитетна настава, поголема интеракција помеѓу наставниците и учениците и процес на учење со разбирање и развој на критичко мислење кај младите.

Наставата за учениците во училиште, но и за тие кои се онлајн се одвива со задоволство и особен интерес што ги носат новите предизвици.

Одиме напред сигурно и вредно!