ИВА ШУМКОВСКА – ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА 2017/2021 ГОДИНА ВО ООУ „ЛАЗО ТРПОВСКИ“

Комисијата за избор на првенец на генерација 2017/2021, изврши увид и бодување на поднесените документи од пријавените ученици за првенец на генерација за оваа учебна година. Според правилникот на ООУ Лазо Трповски, за првенец на генерација е избрана Ива Шумковска, ученичка во 9а одделение, со освоени 176 поени.

Наставничкиот совет едногласно ја потврди одлуката на комисијата.

Ива Шумковска е одговорна, амбициозна, исполнителна и креативна. Навремено одовараше на училишните обврски и воннаставни активности. Под менторство на многу наставници се појави на многу регионални, државни и меѓунродни натпревари, на кои освојувала многу награди кои придонесуваа за афирмација на училиштето. Ученичка која секогаш и секаде го претставуваше училиштето  во најдобро светло.

Активно учествуваше во ЕКО активности, хуманитарни акции и проекти за јакнење на меѓуетничките односи. Пофалувана од Одделенски  совети за континуираниот одличен успех и примерно поведение. Ива има целосно изградено културно и почитувачки однос кон наставникот и кон соученикот. Знае да се избори за своите права, но и целосно да одговари на своите обврски.

Таа е гордост на нашето училиште и веруваме дека со својот потенцијал и знаење  ќе продолжи да чекори по патот на образованието.

Ива, Наставничкиот совет ти честита и ти посакува многу успеси во натамошното образование! Хуманоста и љубовта, како до сега и понатаму нека бидат твој сојузник.

Искрени честитки до сите полуматуранти!