Уште еден голем успех на Бистра Бојаџиевска ученичка од 7б одделение

Нашата Бистра повторно блесна. Во текот на второто полугодие нашата Бистра со врвни резултати ги помина сите нивоа во натпреварување по предметот математика, и успеа да обезбеди учество на дваесет и петтата Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада во организација на СММ. Во конкуренција од 30 ученици од 7,8 и 9 одделение нашата Бистра се закити со бронза со што го испиша своето име во врвот на младите математичари од нашата држава. Честитки за успехот. Честитки и за храброста да се натпреварува како најмлад натпреварувач на овој реномиран натпревар во услови на пандемија. Браво, браво, браво !!!!