PSAT натпревар

На 28.04.2021 се одржи натпреварот PSAT 8/9 – меѓународен испит по англиски јазик и математика во организација на гимназијата Алгоритам. Право на учество имаа сите ученици од осмо и деветто одделение. Учениците од осмо одделение: Јана Руфческа, Павел Руфчески и Никола Чурлинов го положија испитот со оцена 8 и се стекнаа со право за полагање на PSAT 8/9 – меѓународно признаен испит и со валиден сертификат за истиот. Стекнатиот сертификат може да им послужи на учениците за добивање стипендии за високо образование надвор од државата. Гимназијата Алгоритам ги награди со 10% стипендија при упис во истата. Им честитаме!