Спорт за сите 2021
Пон, 10/5/2021
Денес во нашето училиште се одржа спортски настан. Учениците од прво одделение, предводени од одговорните наставници: проф. за одделенска настава Дијана Петроска и проф. по физичко и здравствено образование Благоја Ставревски, беа вклучени во спортските активности во рамките на проектот „Спорт за сите 2021“, поддржан од Општина Карпош и Комисијата за родова еднаквост. Учениците со големо задоволство учествуваа во овој спортски настан и покажаа одлични резултати. На среќата и задоволството на лицата на сите учесници им нема крај. |