Денови на млада публика

Од 21-25.04.2021, нашето училиште традиционално по седми пат зема учество на филмскиот фестивал Денови на млада публика (European Film Academy Young Audience Award) во организација на Европската Филмска Академија (European Film Academy) за публика на возраст од 12-14 години. Фестивалот и оваа, како и минатата година се одржа онлајн и понуди три филмски остварувања, кои нашите ученици имаа прилика да ги гледаат онлајн, а потоа и да гласаат за нивниот фаворит. За најдобар филм беше одбран „The Crossing” (Норвешка,2021). Учениците добија маички, сертификати и други изненадувања од организаторите во нашата земја (Агенција за филм) и беа поттикнати да направат креативно селфи, да учествуваат во дискусија со модераторот како и да поставуваат прашања до актерите и режисерите на филмовите.

Настанот е официјална категорија на Европските филмски награди и во истиот учествуваат околу 40 европски земји.