Со љубов за нашата планета! 22 април - Ден на планетата Земја, ден кога луѓето се потсетуваат дека грижата кон неа е основната задача на нашето постоење. Од Земјата земаме енергија, живееме во нејзините прегратки и од неа ја црпиме секојдневната сила. Ова е ден кога луѓето ширум светот ќе се присетат на планетата Земја на која живееме, ќе се присетат за сите рани и болки што и΄ ги нанесуваме секој ден. Да ја чуваме планетата Земја како вистинска мајка! Постери со убави пораки изработени од учениците на ООУ" Лазо Трповски". |