Одбележување на Денот на планетата Земја IIIa

Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесноста кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укажеме на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

Возухот што го дишеме, водата што ја пиеме и земјата од која расте нашата храна е дел од деликатниот глобален еко систем кој се повеќе еподпритисок на човечките активности.

Учениците од IIIa, денешните активности ги посветија во подигање на свеста за зачувување на животната средина.