Творби од 6а
По повод патрониот празник на нашето училиште учениците од VI - A одделение заедно со својот одделенски раководител, наставничката Елена Јовановиќ го одбележаа овој значаен ден пишувајќи состави посветени на нашето училиште, додека младите уметници му оддадоа почит на патронот со цртање на преубави цртежи. Моето училиште Училиштето е нашето богатство, светлина и патоказ за иднината на нашиот живот. Но исто така тоа е и наш втор дом. Во него стекнуваме многу знаења кои ќе ни бидат потребни за целиот живот. Тоа е центар на знаењето, културата, воспитанието, креативноста и дружењето. Во него стекнуваме знаења од разни области на: математиката, историјата, географијата, биологијата, хемијата но исто така учиме и други јазици како што се Англиски и Германски. Секако среќни сме што имаме прекрасни наставнички и наставници, кои покрај тоа што несебично не даруваат со знаења истотака не воспитуваат и насочуваат во животот. Училиштето е обврска која мореме да ја извршуваме за поуспешна иднина. Моето училиште Лазо Трповски има голем двор, голема спортска сала, многу училници и големи холови. Холовите ни се украсени со разни уметнички дела изработени од нашите соученици како и многубројни благодарници, дипломи и медали. На денашен ден 11.04.1943 година животот го загубил учесникот во НОБ Лазо Трповски, чие име го краси нашето прекрасно училиште. Во негова чест и благодарност за неговата борба за нашата слобода денес ние прославуваме патронат. |