Чувари на трајните музички вредности - Бумеранг рок професорски бенд!

Повторно први во Карпош!!! Првиот професорски музички бенд во ритам на музика со трајни вредности, во рокерски стил и со многу енергија оддекна од дворот на „Лазо Трповски“. Педагогот Рената Поповска со идеја да обедини неколку креативни млади наставници го иницираше формирањето на овој професорски бенд. Благоја Ставревски на гитара, Александра Русјакова Ѓоргиев вокал, Стефан Стојановски вокал и гитара, Кузман Марковски пијано се главните протагонисти во бендот!!! Тие преку музиката ќе работат со нашите ученици на креативна ресоијализација. Убаво е да се разбие тишината во училиштето, убаво е во ова време да свириме, да креираме зошто само така ќе ја вратиме енергијата и вербата во поубавата страна на секојдневието! Професорскиот бенд од Лазо Трповски предизвика и медиумско внимание и благодарение на оригиналната идеја тие ќе бидат дел од тв проектот „Бумеранг“. Нивните изведби во наредниот период ќе ги гледаме секоја сабота на МТВ!!!
Видеото можете да го погледнете на следниот