1 Април – Ден на шегата
Денес на 1 Април – Денот на шегата, учениците од ООУ „Лазо Трповски“ од 1 – 3 одделение, кои посетуваат настава со физичко присуство ја изразија својата креативност. И покрај вонредните услови во кои се наоѓаме, детското срце ја покажа својата желба за игра, хумор и смеа. На парадата имаше од принцови и принцези, весели пчелки и пеперутки, безгрижни животинчиња, до лошите вештерки. Секоја маска си носеше своја порака, па така принцезите од 3а одделение донесоа волшебно јаболко кое содржи противотров за Ковид, фудбалерите ја донираа својата топка во хуманитарната акција за купување на вакцини. Тука беа многу ангелчиња кои дојдоа да не заштитат од Ковид, како и многу херои кои не бранеа од лошиот Ковид вирус. Пораката од сите маски е што побрзо да го победиме овој вирус кој ни влеа страв и ни ја украде насмевката на сите нас. Сите да останеме во добро раположение и во добро здравје. |