Доделување на Сертификат
На 17ти декември во Амбасадата на Јапонија, Н.Е. Савада го додели сертификатот за учество на ученичката Стефани Исајловска од О.O.У. „Лазо Трповски“ - Скопје, во придружба на директорката на училиштето Соња Јовановска и професорот Стефан Симоски. Нејзиниот есеј беше меѓу 33.632 ученички творби од 166 земји, кои учествуваа на Меѓународниот натпревар за есеи за млади, организиран од „Goi Peace Foundation in Japan” на тема „Писмо од мене во 2030 г.“. Натпреварот се одржува секоја година со цел да се поттикне енергијата, креативноста и иницијативата на младите во светот преку промоција на култура, мир и одржлив развој. Натпреварот исто така има цел да го инспирира општеството да учи од младите умови и да размисли како секој од нас може да придонесе за промени во светот. |