Со желба за поубава 2021 година
Вто, 15/12/2020
Нашето училиште е вистински пример за современо инклузивно училиште. Пример за тоа се активностите што ги имаат учениците кои физички се присутни секојдневно во училиште со своите асистенти. Емил и Калин се ученици со ПОП и учат во VI a одделение. Тие заедно со својот одделенски раководител одлучија оваа година да ја накитат елката во нивната училница со несекојдневни лампиони. Тие изработија креативни лампиони од хамер на кои стојат имињата на секое другарче од нивната паралелка. Така 31 име ја красат елката на VI а одделение со надеж дека наредната година сите деца заедно ќе ја китат елката. |