Тремоло и Филип Јовановски

За Тремоло

ТРЕМОЛО е интернационален фестивали натпревар за класична гитара, прв фестивал од ваков вид кај нас, кој веќе 10 години се организира и одржува во Скопје, во организација на Детскиот културен центар Карпош и Град Скопје.

Низ годините, овој фестивал прераснува во културна манифестација која ги обединува љубителите на класичната гитара. На фестивалот секоја година учество земаат  еминентни солисти и педагози, светски познати уметници од областа на класичната гитара, кои придонесоа овој фестивал да стане препознатлив со својата уникатност.

За Филип Јовановски

Филип Јовановски е ученик во 7а одделение во ООУ Лазо Трповски.

Класична гитара свири од својата четврта година, кога прв пат пројави желба за Нова година да добие “вистинска гитара”. Бидејќи имаше само 4 години, почна да посетува часови кај професор Диме Бужаровски кој е пензиониран професор по музичко образование, и кој едниствен прифати да работи со толку мал ученик. Се испостави дека Филип има исклучителен слух за музика и огромен талент за класичната гитара.

Од 2016 до денес  Филип го посетува Музичкото училиште Енсо – каде работи подменторство на професорот Бранко Велјановски.

На меѓународниот фестивал Тремоло Филип Јовановски учествува од 2018 година и е добитник на 4 награди:

Во 2018 година учествуваше во две категории и освои две награди – второ место во мини категорија, и второ место во прва категорија.

Во 2019 година – освои второ место во прва категорија

Оваа 2020 година – освои второ место во втора категорија.

Сакам да истакнам дека значаен придонес во музичкото образование на Филип имаше извонредната наставничка Елена Масторидис, која го водеше Филип во прво одделение во ООУ Лазо Трповски, и која во голема мера ја поттикнуваше љубовта кон музиката кај сите деца. Со нејзино водство Филип учествуваше со свои настапи на сите позначајни училишни приредби и манифестации што многу влијаеше во совладувањето на тремата при настап пред публика. Сето тоа многу значеше во понатамошниот музички развој на Филип.