Меѓународен ден на детето

Every child, Every right
 
Е мотото на Организацијата на обединетите нации за одбележување на Меѓународниот ден на детето.И нашето училиште како и секоја година,така и оваа активно се вклучува во одбележувањето на овој значаен ден.Во рамките на отворениот ден по Граѓанско образование ќе биде презентирано видеото кое го сработија учениците од деветто и седмо одделение под менторство на наставниците Елена Јовановиќ,Кузман Маркоски и Тамара Алаџајкова.
Идејата на нашите деца е да го свртат вниманието на јавноста за обврските што ги има општетсвото кон нив,и желбата на децата промените да се случат што побрзо за да се подобри благосостојбата на сите деца.
Затоа секое дете го заслужува секое право!!!