Еко-училница за еко-дружба

Младите екологисти во рамките на проектот "Под исто Сонце", се дружеа и ја засадија со љубов и прекрасни цветни аранжмани еко-училницата Клуб Фонтана во ООУ "Лазо Трповски", која е уникатно идејно решение каде учениците ги надградуваат своите вештини и стекнати знаења по речиси сите предмети на училиште. Учениците упатија силна порака дека дружбата која трае цела учебна година ќе продолжи и за време на летниот распуст. Фиданките што ги засадија ќе ги чекаат на есен со плодовите како благодарност за грижата. Мај, 2019 год.