Медиумска писменост

МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ
ЗА
МОДЕРНО И ИНОВАТИВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста на 18.12.2018 год. во хотел „Холидеј Ин“ ја одржа завршната конференција „Медиумската писменост во образованието – предуслов за учество на младите во општествените и политичките процеси во Македонија“ во рамки на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“.
На конференцијата, каде со свое излагање учествуваше проф. по македонски јазик  Соња Јовановска од ООУ „Лазо Трповски“, се презентираа наодите од истражувањето што Високата школа го реализираше во соработка со Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука. Истражувањето, во кое беше вклучена и проф. по историја Елена Јовановиќ ја анализира состојбата во основното образование во однос на присутноста на медиумската писменост во наставата, резултатите од фокусните групи со наставниците, а претставена е и компаративната анализа на образовниот систем во Словенија и медиумско описменување на учениците. На настанот учествуваа и реномирани истражувачи и професори од Хелсинки, Единбург и Лондон, кои ги пренесоа моделите на медиумско образование во своите земји, а се дискутираше и за медиумската и информациската писменост низ перспективите на УНЕСКО.
Настанот се следеше во живо преку видео-стриминг на ; .  
Со оваа конференција заврши тригодишниот проект „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“ што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го реализираше во соработка со дневниот весник „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите од Лондон. Проектот го финансира Европската Унија.