Бисер во пливањето - Стефан Тодоров

БИСЕР ВО ПЛИВАЊЕТО - СТЕФАН ТОДОРОВ, ИЗВОНРЕДНА МЛАДА НАДЕЖ
Ученикот Стефан Тодоров е ученик во деветто одделение во нашето училиште. Посебно се истакнува со своите активности во рамки на училиштето, за што е и награден со неколку дипломи и пофалници.
Од 2018 година, кога започнува да се занимава со пливање во ПВК „Вардар“, под раководство на тренерите Ведран Марковски и Александар Ѓорѓевски, посебно се истакнува во рамки на овој спорт и има забележано значајни остварувања во пливачките натпревари.
Речиси секогаш е во првите пет на натпреварите, а на следниве натпревари има освоено и едно од првите три места:
2019 година - второ место на државниот натпревар одржан на Олимпискиот базен
2020 година - прво место во својата категорија на меѓународниот пливачки натпревар Дубочица опен, Лесковац, со што обезбеди пласман за натпревар во апсолутна категорија, каде што го освои 5-тото место.
2020 година - второ место на пливачкиот маратон Илинденски куп, одржан во Охрид 2020 година.
2020 година - прво место на Меѓународниот пливачки митинг „Вардар 2018 опен“.
Стефан Тодоров е извонредна млада надеж со амбиции за постигнување значајни резултати во државата и пошироко. Неговите успеси како одраз на нашата успешна работа во него гледа спортист што во блиска иднина ќе ја промовира нашата држава во европски и светски рамки.