Квизотека 2017
ИНФОРМАЦИЈА Од Ученичката квизотека 2017 за учениците од ООУ „Лазо Трповски“ Скопје Традиционално и оваа година, Детскиот културен центар „Карпош“ ја организира и реализира „Ученичката квизотека 2018“ за деца од погорните одделенија (8 и 9) и опфаќа тематика од школски активности и останати елементарни познавања. И оваа година тоа го прави во соработка со Македонско Географското Друштво, а тоа подразбира и воведување на специјална рубрика „Географија на Република Македонија“. Квиз натпреварот започна во 12.00 часот во просториите на ДКЦ „Карпош“ на 23.02.2017 година. Нашата екипа ја сочинуваат тројца ученици, а тоа се: Стефан Малинков, Александра Иајловска и Марија Соколова. Ментор на екипата е наставникот по географија д-р Милица Патраклиева. Поддршката на учесниците ја даваа и група на ученици од нашето училиште. Во натпреварот учествуваа ученици од четири основни училишта. Според постигнатите поени нашето училиште е на трето место со можност за понатамошно учество во квиз натпреварот. Учениците покажаа добри резултати и одлично се забавуваа. Третиот круг на ученичката квизотека ќе продолжи во март. Професор по географија д-р Милица Патраклиева Скопје, 23.02.2017 год. |