Регионален натпревар 2019

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА

По успешно спроведените општински натпревари, на 26.01.2019 година се одржа регионалните натпревари по географија во организација на Македонското географско друштво. Натпреварот се одвиваше во просториите на ПСУ Американска Гимназија во Скопје, а учество земаа 213 ученика од основните и средните училишта во Македонија. Освоените бодови на тестирањето беше показател за големата подготвеност на натпреварувачите и професионалните залагања на нивните професори по географија. Од многуте млади географи од целиот Скопски регион меѓу најдобрите беа и тројцата наши ученици Јана Руфческа, Павел Руфчески и Филип Тримоски. Честитки за младите географи кои се пласираа на државен натпревар.

Автор

д-р Милица Патраклиева

Професор по географија